Аџиев повторно претседател на лустрациска

Скопје, 31 јули 2014 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска, со 82 гласа „за“ и ниту еден против и  воздржан го изгласа новиот состав на Комисијата за верификација на фактите.

Повторно претседател на Комисијата за лустрација е Томе Аџиев, а негов заменик Асан Љума. Членови се Новица Велјаноски доктор на правно историски науки, Вецко Здравески, магистрант по политички науки од Кичево, Предраг Димитровски, дипломиран новинар од Скопје, Игор Лазаровски, дипломиран шумарски инженер од Скопје, Сашко Јанев, секретар на општина Неготино и магистрант по историја, Даут Даути, новинар од Скопје, Шпенди Винца, дипломиран социолог од Струга, Ристана Лалчевска дипломиран правник, како и Линко Бејзаровски, политоколог од Пласница.

На дневен ред на денешното продолжение на 11-та седница се и Дополнетиот предлог закон за прекршоците во второ читање, како и предлог законите за изменување и дополнување на законите за внатрешни работи, за основно образование, за средно образование, за високо образование, за социјална заштита, за рибарство и аквакултура, сите по скратена постапка.

Пред пратениците е и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...