Здравствените власти правовремено реагирале по сообраќајката кај Удово

Кривогаштани, 31 јули 2014 (МИА) - Имам детална првична слика за тоа што се случило и здравствените власти правовремено реагирале по сообраќајната несреќа кај Удово, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, прашан за тоа како реагирала Итната помош по несреќата во која загина осуммесечно бебе. 
 
- Имам детална првична слика за тоа што се случило. Здравствените власти правовремено реагирале. Од моментот на приемот на повикот, до моментот кога Итната медицинска помош излегла на терен поминале само три минути. За се има аудиозапис. Немало застој, ниту неажурност или пак немарност. Станува збор за трагедија, тоа е интервенција која не е во населено место и до таму треба да дојде амбулантно возило од повеќе места: од Неготино, Валандово, Гевгелија, рече Тодоров, кој присуствуваше на отворањето на обновената здравствена станица во Кривогаштани.

Посочи дека разговарал со директорот на Судска медицина и оти причина за смртта на осуммесечното бебе е крварење во мозокот.

- Во секој случај станува збор за трагедија. Деталите од обдукцискиот извештај им ги оставам на лекарите, потенцира Тодоров.

Нагласи дека во текот на вчерашниот ден побарал детална истрага за се што се случило од здравствен аспект и оти извештајот се подготвува.
 
-  Наредив да се направат разговори во Итната медицинска помош. Комисија од Скопје во текот на вчерашниот ден беше во здравстените установи кои давале итна медицинска помош, за да се утврди кога е примен повикот и кога е интервенирано, да се разговара во болниците дали пациентите биле во критична состојба, да се разговара со евентуални очевидци со цел комплетно расчистување на случајот. И јас разговарав со некои од очевидците. Се подготвува детален извештај имајќи ги предвид сите параметри, додаде Тодоров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...