Посебен сообраќаен режим за 2.август

Скопје, 1 август 2014 (МИА) - Посебен сообраќаен режим најавува Министерството за внатрешни работи по повод утрешното одбележување на националниот празник Илинден во Скопје, Крушево и Пелинце.

За време на манифестацијата „Илинден 2014“ по повод националниот празник, денеска попладне ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај по улиците во Крушево, а утре посебен режим ќе има и кон локалитетот Мечкин Камен.

На територија на СВР Скопје утре времено ќе бидат затворени за сообраќај улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“ од 9:30 до 10:30 часот, а пренасочувањето на сообраќајот ќе биде на крстосницата на улиците „Филип Втори Македонски“ и „Кеј 13 Ноември“, крстосницата на булеварот „Кочо Рацин“ со улицата „11 Октомври“, крстосницата на улицата „Васил Главинов“ со „Максим Горки“ и крстосницата на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груев“.

На територија на СВР Куманово ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај, односно после 10 часот ќе има целосна забрана за сообраќај на моторни возила на регионалниот пат Р-1202 од клучката на магистралниот пат А2 и регионалниот пат Р-1202 или поточно од Св.Петка до с.Пелинце, каде ќе се одвива централната манифестација по повод одбележување на празникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...