Атина не придонесува за надминување на спорот со името

Скопје, 1 август 2014 (МИА) - Атина настапува од позиција на сила, излегува од рамката на разговорите во спорот со името и не придонесува за изнаоѓање на заемно прифатливо решение, вели претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во интервју за дневниот весник „Дневник“.
 
По последната посета на медијаторот во спорот за името Метју Нимиц на Скопје и Атина, македонскиот претседател за оценува дека потребно е да се изврши притисок врз Грција што ќе резултира со почитување на меѓународното право и меѓународно превземените обврски.
 
- Наместо одговор слушаме изјави кои како да доаѓаат од некое дамнешно време кога со леснотија се убиваа, протеруваа, се асимилираа луѓе кои имаа друг идентитет, друг јазик, други имиња и презимиња. Кога со леснотија се кршеа сите по ред човекови права и се погазуваше човечкото достоинство, вели претседателот Иванов.
 
За секој нормален човек на планетава, истакнува шефот на државата, несфатливо е, денес во 21 век, некои да одбиваат да поверуваат дека Република Македонија е реалност на Балканот и реалност во Европа.

- Несфатливо е денес некому да му го негирате неговиот јазик, неговиот идентитет. Несфатливо е некој се уште да ни го негира нашето право да постоиме и да бидеме она што сме, она што отсекогаш сме биле“, вели претседателот Иванов.
 
По последните изјави на германската канцеларка Ангела Меркел поврзани со спорот со името, Иванов смета дека директното вклучување на моќните европски држави во надминувањето на проблемот со македонските евроинтеграции е добредојдено за конечно да ја напуштиме статус кво состојбата.
 
- Проблемот со кочењето на македонските евроинтеграции е проблем и на ЕУ, и тоа е одговорност на сите членки на ЕУ. Тоа лично и го кажав и на канцеларката Меркел во Дубровник. И укажав дека со самото тоа што освен името се спомнува и идентитетот е излегување од рамката во која се водат разговорите и не дава надеж дека е можно да се најде решение“, вели Иванов во интервјуто за „Дневник“.
 
Според македонскиот претседател, охрабрува заклучокот произлезен од состанокот на лидерите од Брдо-Бриони процесот, одржан во Дубровник, во кој се изразува надеж дека Европскиот совет ќе донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, имајќи предвид можност за паралелни пристапни преговори и решавање на билатералните разлики.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...