Нејасни се изјавите од ДУИ

Скопје, 1 август 2014 (МИА) - Последните изјави кои доаѓаат од дел на раководството на политичката партија ДУИ со признавањето на институцијата Претседател, а непризнавањето на легитимитетот, се нејасни, исто колку што беше нејасна и идејата за консензуален претседателски кандидат, вели шефот на македонската држава Ѓорге Иванов, во интервју за весникот „Дневник“.
 
Според македонскиот претседател, и покрај повикот за бојкот од страна на ДУИ, значителен дел граѓани од албанската етничка заедница го поддржале на последните претседателски извори.
 
- Повикот за бојкот на претседателските избори од страна на ДУИ, испрати погрешна слика во јавноста за меѓуетничките односи. Уставот ме обврзува да ја претставувам Република Македонија како суверена, самостојна и унитарна држава, и да ги претставувам сите граѓани на Република Македонија. Бев и ќе останам еден за сите, за Македонците, за Албанците, за Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други.

Постојано велам дека е потребно сите граѓани на Република Македонија да го градат македонскиот модел на соживот. Не е ексклузивно правото само на Македонците да го градат соживотот и довербата, туку на сите припадници на етничките заедници, затоа што Охридскиот рамковен договор дава права, но подеднакво и обврски. Исто така, не е ексклузивно право само на политичката партија ДУИ да ги претставува интересите на сите Албанци во Македонија, вели претседателот Иванов.
 
Во интервјуто за „Дневник“, претседателот Ѓорге Иванов посочува дека Советот за безбедност ќе одржи конститутивна седница, а именувањето на членовите ќе го одразува составот на населението, согласно Уставот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...