Библиотеката од Велес доби стручна литература од Министерството за образование и наука

Велес, 1 август 2014 (МИА) - Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес од Министертсвото за образование и наука доби донација од стручни и научни книги преведени на македонски јазик, а од кои се учи на светските универзитети.

Како информира Игор Крајчев, директор на библиотеката, добиени се 196 книги или 22 наслови на различни теми и области како право, медицина, уметност и слично.

- Стручната и научна литература може да ги изнајмуваат сите наши членови и да ги читаат и учат од нив во медиотеката, а доколку имаат потреба можат да ги однесат и дома.Книгите воглавно се наменети за студенти и постипломци и им се од голема помош при изработка на нивните семинарски и дипломски трудови,појасни Крајчев.

Велешката библиотека годинава има примено 352 книги од оваа стручна и научна литература, а минатата година 4.500 книги.

Од 2009 година од кога Министерството за образование и наука донира ваква стручна и научна литература, бројот на добиени книги надминува седум илјади, а интересот на нашите читатели за овие книги е голем, потенцира Крајчев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...