Грците лути на хотелиерите од Халкиди кои истакнале македонски знамиња

Атина, 1 август 2014 (МИА) – Повеќе хотелиери од Халкидики пред своите објекти, меѓу другите, истакнале и македонско знаме, што ги разлути нивните сограѓани и предизвика остри реакции од некои грчки организации.

Националистичкиот информативен портал „Њузбомб“, на пример, пишува дека „приморските градови во северниот дел на Грција се преплавени од туристи од соседната земја кои провоцираат со налепници МК на своите автомобили, додека други ги оставаат ознаките ФИРОМ кои ги добиваат на граница, за да ги заштитат своите приватни автомобили“.

- Но она што е нереално, е трендот на некои грчки хотелиери да истакнат знамиња на Скопје“, пишува порталот.

Организацијата „Комитет на македонската борба“, која тврди дека нејзини членови се 3,5 милиони Грци од целиот свет, ги нападна хотелиерите од Халкидики нарекувајќи ги „бескрупулозни“ затоа што „истакнале провокативни знамиња во срцето на туристичката и единствена Македонија, со што прават голема услуга на иредентистичките пропагандни цели на Скопје“. Организацијата го повикува Здружението на хотелиери од Халкидики да побараат од нивните членови „кои ја изгубиле својата националната свест со цел да привлечат клиенти“, веднаш да ги отстранат знамињата на Македонија „од територијата на Грција“.

Во исто време, се повикуваат сите Грци „веднаш да ги откажат резервациите за тие хотели и преку социјалните мрежи да информираат зошто го направиле тоа“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...