Македонија утре ќе ги одбележи двата Илиндена

Скопје, 1 август 2014 (МИА) - Двата историски Илиндена - 111 години од Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ утре ќе бидат одбележани со народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во Меморијалниот комплекс АСНОМ во кумановското село Пелинце. Денот на Републиката оваа година се одбележува под мотото „Од сон до Сонце“.

Претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски ќе се обрати на  централната свеченост во Крушево. Таму ќе биде положено цвеќе на гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, каде што ќе се одржи голем народен собир. Премиерот Никола Груевски ќе се обрати на собирот во Пелинце, а претседателот на државата Ѓорге Иванов во Скопје, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ.

За чествувањето на националниот празник, Владата на РМ оваа година подготви неколкудневна богата и сеопфатна програма со разновидни активности и вклученост на повеќе институции.

Во Крушево за Илинден традиционално стигнаа коњаниците од Илинденски марш, а градот во наредните денови ќе биде домаќин на научно-културната средба „Десет дена Крушевска Република“.

Во битолското село Трново, пак, оваа година првпат ќе биде одржана Семакедонска средба, на која Илинден во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ заедно ќе го одбележат 43. Светска македонска иселеничка средба и 34. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Организатори на средбата се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија-Битола, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“ и Светскиот македонски конгрес.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател... Слободната Република траела десет дена.

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.


Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...