Се бара од НАТО да почне со проширување

Скопје 1 август 2014 (МИА) - НАТО мора да ги преиспита своите политики, да престане со нерешителност и недореченост во врска со земјите кои се кандидатки за членство, и на тој начин да даде јасен одговор на длабоката криза во источна Европа, оценува Стивен Кеил, аналитичар на Германскиот Маршалов Фонд во САД. Во коментарот, објавен денес од страна на овој водечки аналитички центар во Вашингтон, се препорачува НАТО да им пристапи на земјите од поранешниот Советски Сојуз заинтересирани да станат членки, или барем да го комплетира проширувањето со прием на балканските држави.

- Ако одбере проширување, НАТО треба да настапи кон своите источни соседи од пост-советскиот простор со добро обсмилен план за почнување на МАП процесите и за поблиска соработка на мултилатерални и билатерални прашања, соработка меѓу армиите преку вежби и учество во идни мисии. Одлуката на НАТО да одобри пакет воена помош за Украина и за потврдување на политиката на отворена врата за Грузија укажува во оваа насока. Од друга страна, ако НАТО реши само да се консолидира, тогаш треба површно да се поврзе со земји како Украина и Грузија, а притоа да ги затвори сегашните граници на проширувањето, интегрирајќи го Балканот. Ова би значело покана за членство за Црна Гора, поголем ангажман со Србија и Босна и Херцеговина, и учество во решавањето на спорот околу членството на Македонија. Кој пат и да го одбере НАТО, тој треба да има компонента која ќе ја одврати Москва од натамошни агресии. НАТО не може да си дозволи да продолжи со политика на недореченост во проширувањето, која доведе до неизвесност, до два отворени конфликти и неказнето руско навлегување во земји кои добија само непрецизни ветувањеа за евентуално членство, пишува во анализата на Киел.

Во анализата на Германскиот Маршалов Фонд во САД, сепак, се укажува дека малкумина познавачи на состојбите очекуваат дека мнозинството членки на НАТО сериозно ќе се нафатат на прашањето на проширувањето, а уште помалку се подготвени да ги почнат МАП процесите за заинтересираните земји како Грузија.

- Политиката на проширување на НАТО по самитот во Букурешт во 2008 година, кога Грузија и Украина добија усмени гаранции за идно членство во НАТО, се покажа како неефикасна и непромислена. Оттогаш, Русија го игнорираше суверенитетот на овие две држави, со територијални упади и отворени конфликти. Недореченоста во евентуалното проширување го поткопа легимитетот на НАТО во регионот, каде земјите - партнери претпоставуваа дека имаат безбедносни гаранции кои всушност ги немаат, оценува Кеил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...