Колбасите и меленото месо безбедни, се утврдува изворот на листерија

Скопје, 1 август 2014 (МИА) - Колбасите и меленото месо не се причина за појава на бакетријата листерија кај луѓето. Изворот допрва ќе се утврдува.

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, типот листерија пронајдена во храната воопшто не соодветствува со онаа кај заболените лица, ниту количински е застапена над дозволеното ниво пропишано со Правилникот и европските стандарди. 

- Листерија има, но во минимални количини, под 10 колонии на грам што е далеку под дозволеното ниво од 100 колонии на грам во рамки на рокот на траење на производот, рече директорот на АХВ Дејан Рунтевски на прес-конференција.

Останува препораката колбасите и меленото месо термички добро да се обработуваат.

Според Рунтевски, во тек е земањето примероци од храната во прометот со цел утврдување евентуално присуство на листерија и во увезените производи.

При анализите направени на Ветеринарниот факултет, испитани беа 610 од вкупно 750 мостри од месната и млечната индустрија. Притоа, 23 биле позитивни на листерија. На 16 е направена генотипизација која не покажала ниту едно совпаѓање со листеријата кај заболените лица, додека на осум е извршено квантитавно испитување - утврдување на количинската застапеност.

Бактеријата листерија вообичаено ја има во погоните, домаќинствата, лоцирана е и на работните површини. Се смета за перзистентен, постојан контаминент.

Во Македонија изминатиов месец од листерија заболеа вкупно осум лица од кои четири починаа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...