Во Велес велосипедистите на ревијалното возење низ Македонија за двата Илиндена

Велес, 1 август 2014 (МИА) - Во центарот на Велес пред споменикот „Коњаникот“ посветен на велешките војводи Илинденци, денеска пристигнаа и се поклонија дваесетината млади велосипедисти од клубовите во земјава, кои учествуваат во ревијална велосипедска трка низ Македонија по повод двата Илиндена.

Манифестацијата насловена „111 години Илинден-70 години АСНОМ“ ја организира Велосипедската Федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт на Македонија.

Директор на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески заедно со велешкиот градоначалник Славчо Чадиев, им посакаа добредојде на младите велосипедисти учесници на ревијалната трка.

Директорот Спасески искажа задоволство што младите волисипедисти на најубав начин преку спортот се вклучуваат во одбележувањето на големиот празник Илинден и возат на предвидената патека.

- Агенцијата за млади испорт со поддршка на Владата и во своите активности приоритет дава за спортските активности на младите во земјава и развивање на училишниот спорт, а тука спаѓа и велосипедизмот. Воедно во следните три години согласно стратегијата и акциониот план на Владата сегашното ниво на вклученост на ученици во спортови од 12 до 15 проценти и ние како Агенција ќе направие напори тој процент да го зголемиме на 36 проценти, потенцира Спасески.

Тој информира дека Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата на планинарски спортови од денеска имаа и симулација на дел од патеката на Февруарскиот поход каде што неколку планинари се движат по патеката од манастирот во Пифтија до селото Крстец. Воедно, утре имаат и симболично искачување на Славеј планина каде што е организиран првиот партизански одред, а има и искачување на врвот Голем Кораб.

Градоначалникот Чадиев изрази задоволство што голем дел од учесниците во трката се млади велосипедисти од Велес. Најави поголема поддршка од Општината за развој на овој спорт по кој Велес е еден од најдобрите во Македонија.

За време на ревијалната трка, учесниците поминуваат 350 километри,а за три дена поминуваат низ девет градови во земјава.

- Преку оваа трка ги вклучуваме младите репрезентативци на Велосипедската федерација, но важно е и тоа што вклучуваме и група на млади велосипедисти под 15 години,а се со цел да создадеме квантитет на велосипедисти од кои потоа ќе создадеме квалитетни велосипедисти на репрезентацијата на Македонија и со тоа да го популаризираме велосипедизмот во Македонија, потенцира Сашо Начевски секретер на Велосипедската федерација на Македонија. 

Инаку, првата етапа од оваа велосипедска ревијална трка вчера беше на релација Крушево, Битола, Прилеп и Кавадарци. Денеска се вози од Кавадарци преку Неготино, Велес и Штип до Пробиштип. И утре на третата и последна етапа од Пробиштип, преку Кратово до Пелинце.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...