Спорните производи со листерија повлечени од промет

запрено производството во Екстра меин

Скопје, 7 август 2014 (МИА) - Спорните производи на месната индустрија Екстра меин,  за кои Министерството за здравство информира дека е детектирано присуство на листерија, вчера се повлечени од пазарот, производството е запрено во месната индустрија, земени се мостри од суровините, работните површини, машините и од сите оние делови каде што евентуално може да се најде листерија за да се изврши споредување со изолатите земени од заболените лица.

Ова се мерките што ги презеде Агенцијата за храна и ветеринарство по добиеното известување од Министерството за здравство.

Истовремено Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува на граѓаните да не го консумираат производот сецкан свински врат од лотовите 07632 и 07633, со рок на употреба 21.07.2014 до 04.09.2014 година.

Од Агенцијата информира дека врз основа на добиените резултати, кои се во насока за детектирање на изворот на Листериа, од страна на надлежните институции се вршат дополнителни испитувања.

Наведуваат дека што се однесува до другите производи од млечната и месната индустрија,  операторите со храна од животинско потекло, од 30 јули 2014 година, согласно извршеното надополнување на годишната Наредба за извршување на ветеринарни мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животните или производите од животинско потекло, како дел од дополнителните превентивни мерки за превенција, намалување и елиминирање на ризикот од листерија, вршат задолжително лабораториско испитување на сите лотови од производите од животинско потекло кои се опфатени со Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храна, за утврдување на евентуално присуство на бактеријата Листериа. Производите не се ставаат во промет се додека не се добие задоволителен лабораториски наод.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...