Во оружен инцидент што синоќа се случил во кафуле во Вевчани се убиени две лица.
Станува збор за Владо Попески сопственик на кафулето „Пјаца“ и Матеј Ѓурчески двајцата од Вевчани.
Во пукотницата ранети се Илија Пржитоски и Горан Коруноски и еден е пренесен на скопските клиники, а другиот е во струшката болница.
Осомничен за двојното убиство е поранешен поштар од Вевчани, Здравко Србакоски.