Србаковски сакал да го убие само Попески, младото момче убиено “по грешка“

Мотивите за двојното убиство во Вевчани сe уште не се познати, иако Здравко Србаковски (56) најверојатно од банални причини ги убил соселаните Владо Попески (43) и Матеј Ѓурчески (23) завчера вечерта во ресторанот „Пјаца“ сопственост на Попески.

„Србаковски од својот пиштол, што го поседувал со дозвола, испукал десет куршуми кон убиените, но и кон Илија Пржитоски (29) и Горан Kоруноски (33) кои седеле на иста маса. Тие се вон животна опасност. Не е познато дали Србаковски на распитот пред судија во предистражната постапка се бранел со молчење или кажал нешто во своја одбрана. Нема ниту официјални информации дали осомничениот бил под дејство на алкохол кога ги застрелал четворицата, иако, според очевидци, тој вечерта бил пијан. Вевчанци и дента по убиството беа шокирани од крвавиот инцидент што го потресе мирното село. Додека трае истрагата, во селото шпекулираат околу мотивите поради кои Србаковски се дрзнал да одземе два човечки животи“, пишува Дневник.

Според мештаните, Србаковски до пред 20 години работел во „Македонска пошта“, но потоа останал без работа или поради коцкарски долгови самиот ја напушил работата и избегал од селото. Се шпекулира дека заминал на работа во странство од каде што се вратил пред неколку недели. Kако и во минатото, така и сега постојано бил пијан и насилен. Во еден случај наводно дошол во конфликт со Попески, кој бил сопственик на обложувалница во селото. Во обложувалницата немало струја, па на Србаковски не му дале да уплати тикет. Тој тогаш наводно му се заканил на Попески поради тоа.

Србаковски околу 21 часот се вратил на летната тераса на „Пјаца“ со метална шипка во едната и со пиштол во другата рака. Веднаш почнал да се заканува на Попески кој седел со тројцата застрелани на маса.

„Бидејќи никој не реагирал Србаковски со шипката удрил по масата, по што неколкумина станале и се обиделе да го разоружаат. Тогаш Србаковски го испразнил шаржерот во четворицата и избегал. Очевидци велат дека убиецот имал намера да пука само во Попески, така што им рекол на останатите да се тргнат на страна“, пишува Дневник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...