ВИДЕО: Уапсени бандитите од Грчец

барани со потерница поради трговија со дрога

Скопје, 15 август 2014 (МИА) - Двете лица што МВР синоќа ги приведе во Грчец во рамки на акцијата „Мрежа“ биле барани со потерница за два случаи со недозволена трговија со дрога од мај годинава кога беа запленети 10 килограми марихуана.

- Од нив еден килограм беше наменет за домашниот нарко-пазар додека поголемиот дел беше наменет за продажба надвор од Македонија, за што во текот на мај годинава беше поднесена кривична пријава против седум лица од кои четворица беа лишени од слобода, додека за тројца од нив беше распишана потерница. На 21 и 22 мај годинава во две одвоени акции во реонот на „Кванташки пазар“ и на автопатот Скопје - Куманово на патарината Миладиновци беше извршен претрес во две возила „Мерцедес–Спринтер 311 ЦДИ“ и „БМВ“ во кои што беше откриена дрогата. По поднесувањето на кривичната пријава, за сега приведените лица беше распишана потерница. Тие во текот на денот ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, истакна на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Појасни дека третото лице по кое била распишана потерница за овие случаи не било приведено вчера и оти по него полицијата ќе продолжи да трага.

МВР вчера ги уапси педесетгодишниот А.П. и Е.Б. (39). Двете лица се приведени во рамките на акција „Мрежа“, насочена против уличните дилери и пресекување меѓународни канали за недозволена трговија со дрога.

- Акцијата реализирана во село Грчец беше брза, прецизна и мина без никакви инциденти. По претходно изготвен План за реализација и обезбедени наредби од судија од претходна постапка беа извршени претреси на три локации каде беа пронајдени и одземени неколку мобилни телефони и СИМ картички со телефонски броеви кои очекуваме да бидат од корист за натамошната истрага, истакна министерката Јанкулоска.

Таа појасни оти приведеното 50 годишно лице било под сомнение како организатор на дел од криминалните активности поврзани со нелегална трговија со наркотици изминатава година.  Тој, според полициските евиденции, имал богато криминално досие и познат е како организатор и предводник на повеќе криминални групи.

- Според сознанијата, подолг временски период наназад е инволвиран во недозволена трговија со дрога, а поврзан е со криминални групи од село Грчец кои се занимаваат со недозволена трговија со наркотични дроги-марихуана, кокаин и хероин, како и кривични дела од областа на насилниот криминал и одземање моторни возила и лихварство. Против него се поднесувани кривични пријави од 1991 година за сторени кривични дела фалсификување исправа, предизвикување на општа опасност, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, грабнување, недозволена трговија со дрога и други тешки кривични дела. Тој во 2006 година беше идентификуван и како организатор на „грабнувањето“ на косовскиот државјанин Љуљзум Бегај, сопственик на КОСМОТЕ ФООД Компани, кога за негово ослободување од неговото семејство беше побаран откуп во износ од 500.000 евра. Случајот беше реализиран, а против организаторот, односно сега приведениот и останатите петмина извршители, Одделот за организиран криминал поднесе крвична пријава за сторено кривично дело „грабнување“, за што му беше изречена казна затвор во траење од 10 години во отсуство, рече министерката за внатрешни работи.

За тоа време, додаде таа, според оперативните сознанија, осудениот се наоѓал во Чешка каде што се поврзал со криминали групи чии членови се македонски државјани кои организирале транспорт на наркотична дрога во Северна Бохемија, во близина на чешко-германската граница.

- На 6 декември 2007 година, според информациите добиени од странски служби, судот во Братислава го казнил со затвор во траење од 14 години за недозволено производство и држење наркотични дроги и трговија со оружје. Во Македонија во текот на 90-те години е казнуван и со затвор во траење од по три месеци, условно за една година за сторени кривични дела неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, рече Јанкулоска.

Во рамки на акцијата „Мрежа“ полицијата привела стотина лица, а биле запленети околу половина тон различни наркотици.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...