Deutsche Welle

Листеријата - извор на заразен аматеризам

Разочарани сме и професионално засрамени од аматерското ниво на кое надлежни лица ја водат постапката за утврдување на изворот на листерија, велат експерти за безбеност на храна

Аматеризам, непознавање на проблематиката, нестручно менаџирање и на крајот обид тоа да се покрие со егзекутирање на некоја фирма. Вака експерти за храна го опишуваат начинот на кој здравствените и инспекциските власти во Македонија два месеци трагаат по изворот на бактеријата листерија (listeria monocytogenes) причинител на болеста листериоза, која е посочена како причина за смрт на пет лица во многу краток период.

Деновиве, д-р Јованка Костова од Институтот за јавно здравје информира дека Комисијата за заразни болести предложила измени на Правилникот за квалитет и безбедност на храна од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со кои ќе се бара во производите кои ќе излезат во промет воопшто да не се дозволува присуство на листерија. Од Министерството за здравство и од АХВ вчера не одговорија на прашањата на Дојче веле: Што е спорно во Правилникот, дали се почнати неговите измени, колкаво присуство на листерија е дозволено во готовите производи и колку изнесува тоа во европските земји?

Во медиумите во соседните земји, веќе излегоа наслови дека „Во Македонија листеријата со закон е дозволена во храната“, алудирајќи на фактот дека според Правилникот за квалитет и безбедност на храна, во готов производ е дозволено да има 100 колонии листерија во 1 грам. Но, според здравствените власти, ваквото решение не е спорно, бидејќи е преземено од европската практика и воопшто не е македонски „ексклузивитет“. На прашањето дали тоа дозволено присуство треба да биде само во суровините, а не и во готовиот производ, одговараат „дека треба уште еднаш да проверат во Правилникот“. Од друга страна, Флорентина Ристовска Шурбевска, директорка на Центарот за јавно здравје од Велес, каде се вршеа дел од лабораториските анализи на производите, тврди дека според Правилникот за посебни барања што се однесуваат на микробиолошки критериуми на храната, не смее да има ниту една колонија на 25 грама. Ваквото разногласие придонесе проблемот со листеријата дополнително да заглави во шпекулации и сомнежи за неинформираност кај надлежните.

Дозволена само во суровините

Можно ли е толку големо непознавање на регулативата? Експертите за безбедност на храната одбиваат јавно да зборуваат за проблемот. Велат, разочарани се и професионално засрамени од аматерското ниво на кое надлежни лица ја водат целата постапка, а која се‘ повеќе наликува на „лов на вештерки“ и по секоја цена барање на виновник, а не на вистината.

„Во финални производи воопшто не смее да има листерија, но во суровина за преработка која подлежи на термичко процесирање и обработка, дозволена е некоја количина. Тоа се нарекува 'alternative approach' и важи од 2009 година“, објаснува еден од нашите соговорници.

Ниту еден експерт од повеќе надлежни институции не сака јавно да зборува за проблемот.

„Случајот е во обвинителството. Жално е што овде не се бара вистината, туку само да се најде виновник, без оглед дали навистина е виновен. Секој кој јавно ќе посочи на ваквата состојба, може да биде следната жртва“, велат тие.

Во моментов, со оваа ситуација се соочува фирма производител на сувомесни производи од Куманово, која безуспешно се обидува да ги докаже недоследностите во контролата врз нивните производи и фактот дека работат според сите пропишани стандарди. Особено што никој не може да докаже поврзаност на лицата, кои наводно починале од листериоза, со посочениот производ. Иако само двајца од заразените консумирале еден од производите на таа компанија, сите на чуден начин се ставени под заеднички именител дека го употребувале во исхраната. Повеќе медиуми веќе објавија дека мајката на новороденчето од Кочани кое наводно почина од листериозна сепса, воопшто не јадела од спорниот производ, ниту какви било сувомесни производи, за да може преку млекото да го зарази и своето бебе.

Тоа што резултатите покажаа дека нема листерија во погоните на осомничената фабриката, како и супер анализата направена во лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина која покажа дека не е најдена бактеријата листерија, не му помогна ни на производителот да се спаси од обвинувањата дека кај него е изворот на заразата, а најмалку на јавноста да ја дознае вистината.

Која е следната болест?

Според светската статистика, листеријата има најголемо присуство во млекото и млечните производи, многу помалку во месото и месните производи, а најмалку во зеленчукот и овошјето.

Експерти за безбедност на храна апелираат до медиумите да ги проверуваат информациите и да не подлегнуваат на шпекулации, бидејќи непотребно се шири паника меѓу граѓаните.

„Не е првпат одредени смртни случаи да се подведуваат под заеднички именител, ако не можат да ја најдат причините за нив. Пред неколку години луѓе 'умираа' од птичји грип, потоа од свински грип, а сега од листериоза. Следната година, веројатно, ќе се најде некоја друга болест. Листеријата ја имало и ќе ја има. Кога станува збор за зараза или смртни случаи, тие, или потврдено и аргументирано се поврзуваат со еден извор на зараза или не може да се поврзат. Вториов случај е типичен за нас. Според епидемиолошките податоци, наведените смртни случаи на никаков начин не можат да се поврзат. Но, ако е целта само да се 'затвори случајот', а не да се отвори професионална и се‘опфатна анализа, тогаш се‘ е можно и еве, тоа го гледаме. Второ, ако лицето кое ја внело листеријата преку одреден производ, нема никакви други здравствени проблеми, од листеријата може да има само пролив два-три дена и ништо друго. Затоа е важно на јавноста да и‘ се каже дали кај посочените смртни случаи како causa mortis (причина за смртта) е наведена листериозата или причината биле други здравствени компликации кои лицата и претходно ги имале “, вели нашиот соговорник.

Статистики и факти

Годишната инциденца на болеста листериоза во поголем број на земји од ЕУ просечно се движи од 2-10 пријавени случаи на 1.000.000 жители. Во поголем дел од европските земји, ова заболување не било на листата за задолжително пријавување, но на почетокот на 21 век таа практика била променета. Во 2006 година листериоза била пријавена во 23 земји-членки на ЕУ и била петта од најчестите зоонозни инфекции регистрирани во Европа, после Campylobacter, Salmonella, Yersinia, и VTEC-инфекции. Од 2006 до 2010 година, стапката на пријавени потврдени случаи на листерија во земјите членки на ЕУ, се одржувала на приближно исто ниво: од 2 до 10 пријавени случаи. Во 2012 година, бројот на пријавени потврдени случаи на листериоза во ЕУ членките забележал покачување за 10,5 % во однос на 2011 година.

Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести од 2004 година, во Македонија од 2009 година на листата на заразни заболувања задолжителни за пријавување е ставена и листериозата како заболување. Во изминатиот период, во Македонија не бил пријавен случај на заразно заболување или смрт од листериоза. Пријави за изолиран и докажан причинел на заразна болест - листерија кај човек, за прв пат во евиденцијата на Институтот за јавно здравје биле регистрирани во 2012 година. Од лабораторијата за санитарна микробиологија е добиена информација дека во последните 3 години е докажано присуство на листерија само кај еден тестиран примерок на храна - мелено јунешко месо, земен во 2013 година, и тоа од 689 испитани мостри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...