Во гостиварската населба Циглана ќе се гради манастир Преображение Христово

Скопје, 19 август 2014 (МИА) - Со архиереска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во месноста Црн Врв во близина на населбата Циглана, беше осветено местото на кое ќе се гради манастирот Преображение Христово.

На црковно народниот собир, претставниците на иницијативниот одбор ја побараа поддршката од жителите од овој дел на општината за изградбата на светилиштето. Митрополитот г. Јосиф, честитајќи го празникот Преображение Христово се обрати до верниците кои беа дојдени.

- Сега цврсто верувам дека овде ќе има манастир. Тука, вие жителите од овие населби и градот, ќе имате свое место на преображение, место каде што ќе најдете молитва, мир и благослов. Освен на мештаните, им заблагодарувам на локалната власт и градоначалникот, кој даде „зелено светло“ за ова свето место, рече митрополитот г. Јосиф.

Новиот манастир се гради на парецела сопственост на Крсте Спасеноски од гостиварско Беловиште, која ја отстапи на МПЦ ОА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...