Сликите од Македонија ќе бидат дел од мојата поезија

Скопје, 19 август 2014 (МИА) - Поезијата не е само песна на рајот, таа е песна и на земјата и ако ова место толку ја сака поезијата и копнее по неа, тоа не е случајно. Бидејќи поезијата тука постоела, таа ќе постои и нема да исчезне насекаде во светот. Се надевам дека засекогаш ќе останете со поезијата, која не е само жанр, туку е ритам на човечкото  битие, рече јужнокорејскиот поет Ко Ун, добитник на Златниот венец на 53. Струшките вечери на поезијата на прес-конференција по пристигнувањето претпладнето  во Скопје.

На средбата со новинарите, заедно со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, раководството на СВП и делегација од националната комисија на УНЕСКО од Јужна Кореја, Ун рече дека за остварувањето на соништата некогаш треба време, а дека неговиот сон за Македонија штотуку се остварил.

Според него,  Македонија и  Јужна Кореја се слични во страдањата зашто во двете земји се пролеани многу солзи. - Името на Македонија е славно и распространето во историјата на човештвото и низ годините многу страдало... Кога ќе се вратам во мојата земја и кога ќе пишувам поезија, многу слики и пејзажи од Македонија ќе бидат дел од неа, истакна 81-годишниот Ко Ун - 49-ти лауреат на Струшките вечери на поезијата, кому в недела во Струга ќе му биде врачено високото фестивалско признание.

Ун има слава на национален поет и е меѓу најзначајните имиња на светската поезија. Не пропушти и да зборува за поезијата: - На поезијата не и треба само светло, туку и силна темнина. Навистина е чест што Македонија има долга традиција на ваков настан, како што се Струшките вечери на поезијата. Ова е место каде што треба да има поезија, рече Ун.

Министерката Канческа-Милевска истакна дека неговото творештво е дел од светската поетска ризница. - Исклучително значајно по своите естетски и поетички особености. Иако првенствено „Златниот венец“ се однесува на неговата творечката дарба, симболично преку неа се наградени и сите поетски вредности на азиската книжевност, на кои припаѓа и една голема литература како што е корејската. Уверена сум дека оваа награда ќе значи и силен поттик во воспоставување на духовните мостови меѓу македонската и корејската, односно азиската книжевност и култура воопшто, рече Канческа-Милевска. Таа на гостинот од Далечниот Исток му подари теракота и монографија „Чудесна Македонија“.

Директорот на СВП Мите Стефоски истакна дека од 21 август претстои уште еден празник на поезијата, со учество на 50-ина поети од 34 земји.

- Ќе имаме можност уште еднаш да организираме собир во кој ќе продолжи 50-годишното проникнување и дијалог на културите, јазиците и на цивилизациите и Струга повторно ќе биде престолнина на поезијата, Оваа година со нашиот лауреат и неговото импресивно творештво,  исклучителниот и драматичен живот, ќе имаме можност да посведочиме дека поезијата е многу повеќе од зборови и многу повеќе од умешност со зборови туку, како што кажа предмалку и Ун, таа го одразува ритамот на самото човечко битие, рече Стефоски.

Ко Ун е роден во 1933 во градот Гунсан, во корејската провинција Чола, во време кога земјата била под окупација на Јапонија. Критичарите се единствени во рецензиите кои говорат дека огромниот опус од 150 дела на Ун не може да се спореди со творештвото на ниту еден жив автор во светот. Напишал повеќе од кој било корејски поет. Издал 140 книги од кои 50 се книги поезија. Комплетното творештво објавено пред неколку години е собрано во 40 томови.  Ален Гинзберг го опишал како „грандиозен поет, комбинација на будистичка маестралност, страстен политички либерал и историски натуралист“, а дека пезијата на Ко Ун ја отсликува корејската душа.  

Во најраниот творечки период, од 1952 до 1962, тој е монах на екстремна зен пракса, од 1962 до 1972 неговиот поглед кон нештата е темен и нихилистички, со очај и себеотфрлање, а помеѓу 1973 и 1983,  во годините на социјалните немири и интензивирањето на продемократското движење, поетиката на Ко Ун добива нова трансформација. По годините во затвор, од 1983, станал многу продуктивен и напишал многу поетски збирки, меѓу кои и неколкутомните „Десет илјади животи“ и „Планината Паекту“. Овие дела се последица на случувањата поврзани со Движењето за демократија во мај 1980, кога стотици граѓани биле убиени од корејската војска, како и поетовото апсење, затворање и соочување со смртта. Од тогаш поетот издал над 40 книги.

Во неговите песни се манифестира широк диверзитет: епиграми во неколку реда, долги дигресивни стихови, епични, пасторални, па дури и некои жанрови кои самиот тој ги создал, а можат да се наречат поп -историски песни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...