Почна првиот уписен рок на Државниот универзитет во Тетово

Тетово,  19 август 2014 (МИА) - Државниот универзитет во Тетово во академската 2014/2015 година ќе прими вкупно 5310 студенти, од кои 2690 редовни студенти во државна квота, 2225 редовни студенти со кофинансирање на студиите и 395 вонредни студенти, информираше денеска на прес-конференција Фехри Рамадани, проректор за настава на ДУТ.

Уписот за прием на кандидати во првиот рок на ДУТ почна денеска и ќе трае до 22 август. Според Рамадани, уште денеска, на почетокот на уписниот рок, интересот  е многу голем.

- Освен на сите академски единици во Тетово, нови студенти ќе бидат примени на факултетите во Гостивар и Куманово, како и на  дисперзираните студии во Скопје, Куманово и Кичево. Во Дебар и Струга дисперзираните студиски програми во оваа академска година ќе паузираат согласно уписната политика која ја има нашиот универзитет и долгорочната стратегија на Министерството за образование и наука за дисперзираните студиски програми,  рече Рамадани.

На првиот уписен рок, исто така, може да аплицираат и кандидатите кои се заинтересирани да ги продолжат своите студии во рамките на Проектот 30/35. На факултетите во кои и по првиот уписен рок ќе останат непополнети места ќе се објави дополнителен конкурс за упис на студенти на додипломски студии.


Рамадани рече и дека раководството на Универзитетот навремено ги направило сите неопходни подготовки за уписот на студентите да се одвива ефикасно во сите академски единици на ДУТ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...