Велешките крводарители меѓу најхуманите во Македонија

Велес, 19 август 2014 (МИА) - Во одделението за трансфузиологија сместено во велешката градска Болница кое е во склоп на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје од почетокот на годинава до денеска се собрани 1851 крвни единици, или само во овој месец досега се собрани 135 крвни единици.

Тоа е резаултат на доброволните и самоиницијатвни крводарители од Велес и велешко кои секојдневно по  пет шест па и десетина пати се јавуваат во одделението да даруваат крв. Во овој биланс се и бројните акции кои го организираат екипи  на ова одделение како и на екипата за Трансфузиона медицина од Скопје.

Иако е лето и во некои од болниците во земјава недостига крв, тоа не е случај со велешката болница која е редовно снабдена со крв од сите крвни групи велат од одделението за трансфузиологија од Велес. Тие посочуваат дека воедно редовно испраќаат и крвни единици од сите крвни групи и за Институтот за трансфузиона медицина од Скопје,од каде пак доставуваат крвни единици за клиниките во Скопје и останатите болници во земјава, а кои имаат недостиг на крв.

-Со овој биланс од 1851 крвна единица иако е август скоро и да е реализиран годишниот план за крводарување во Велес од 1861 крвна единица, со што велешките крводарители со години докажуваат дека се најхумани во земјава, потенцира Миле Маџаров од Општинската Организација на Црвен крст Велес.

Маџаров воедно најавува и ги повикува сите граѓани на Велес да им се приклучат на веќе традиционалната летна солидарна акција за доброволно дарување на крв  која на 21 и 22 август ќе се одржи во Ликовниот салон во Велес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...