Претставник од Делегацијата на ЕУ во посета на Општина Гевгелија

Скопје, 20 август 2014 (МИА) - Развојот на Општина Гевгелија, евроинтеграциските процеси и прекуграничната соработка со општините од Грција, беа теми на денешната средба меѓу политичкиот комесар на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Петра Андерсен и гевгелискиот градоначалник Иван Франгов.

- Гевгелија е отворен град во непосредна близина на два меѓународни гранични премина. Граничи со земја членка на ЕУ и отсекогаш бил европски, како според условите за живот и стандардот, така и според услугите што ги обезбедува локалната самоуправа. Настојуваме и натаму да го задржиме ваквиот тренд преку примена на европски стандарди и унапредување на прекуграничната соработка. Меѓутоа во последно време кај дел од граѓаните се чувствува замореност од долгото чекање пред вратата на ЕУ, истакна градоначалникот Франгов.

На средбата беше оценето дека успешната прекугранична соработка значително придонесува за унапредување на односите меѓу Македонија и Грција преку настапите со заеднички проекти во рамки на ИПА програмата.

Андерсен го посети и одводниот канал за атмосферски води во Негорци, којшто заедно со префектурата Пела од Грција се гради со финансиска помош од ЕУ преку ИПА програмата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...