Во Велес вечерва стартува втората етапа од Топол културен бран

Велес, 20 август 2014 (МИА) - Со целовечерен концерт на Кумановскиот тамбурашки оркестар вечерва во 20 часот и 30 минути во Младинскиот парк во Велес стартува втората етапа на проектот Топол културен бран.

Како што информира за медиумите Мартин Мајсторов портпарол на Општина Велес, на 26 август во Ликовниот салон ќе се одржи концертот Дуо пијано на Габриела Бачманова и Илија Настовски од Велес, професори по пијано. Ќе бидат изведени дела од Бах, Клементини, Хачатуријан, Бетовен, Дворжак и Пјацола.

Истата вечер  во Ликовниот салон со почеток ќе се промовира збирката афоризми „Кочење во тројка“ од авторите Димитар И.Вилазорски, Миле Ѓорѓиоски и Васил Толевски.

Промоцијата е во организација и по избор на Друштво на писатели „Кочо Рацин“ од Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“.

Годинешниот Топол културен бран ќе биде затворен на 27-ми август со концертот „Апасионато“ на гудачкиот квартет под раководство на Пламенка Трајковска во Младинскиот парк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...