Албански државјанин протеран, му нашле специјални бункери со траги од дрога во возилото

Скопје, 20 август 2014 (МИА) - Кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на дрога, покрена Царината против албански државјанин во чие возило марка БМВ-320Д  со албански регистарски ознаки, во внатрешниот дел на бандажите се пронајдени специјално направени бункери со траги од дрога.

Како што соопшти Царинската управа на РМ, случајот го реализирал мобилен тим при Одделението за оперативни работи на 14 овој месец околу 13 часот, при вршење на контрола на патниот правец Крива Паланка – Куманово во близина на селото Страцин, кога е сопрено посоченото возило кое било управувано од албанскиот државјанин.

- Поради сомнителното однесување на возачот, царинските инспектори одлучиле да се изврши детален преглед и претрес на возилото и возачот, по што возилото е пренесено на терминалот во ЦИ Тетово. При прегледот е употребено и царинско куче. Притоа, во сите четири погонски бандажи се пронајдени специјално направени бункери во кои е пронајдена непозната прашкаста материја со кафена боја и карактеристичен мирис со тежина од околу 2 грама. При тестирање со тестер НИК добиен е позитивен резултат на присуство на кафеав хероин, се наведува во соопштението. 

Целокупниот предмет е предаден на Одделението за истраги при Царинска управа, за натамошна постапка. Против возачот е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на дрога.

Истиот ден, бидејќи станува збор за странец, како и тоа дека обвинетиот го признал делото, Основниот суд од Тетово донесе пресуда со која обвинетиот е прогласен за виновен и е казнет со условна казна затвор во траење од 6 месеци во рок од 2 години. Освен тоа, возилото е конфискувано, а обвинетиот е протеран од државата во времетраење од две години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...