Со „Роденденот на господин Нушиќ“ завршува 54. Охридско лето

Охрид, 20 август 2014 (МИА) – Со претставата „Роденденот на господин Нушиќ“ од Душан Ковачевиќ, во изведба на театарот „Звездара“ од Белград, вечер ќе биде затворено 54. издание на фестивалот Охридско лето. Режијата е на Небојша Брадиќ.

Улогата на Бранислав Нушиќ ја игра Бранислав Лечиќ, Спасоје е Драган Петровиќ, Боба ја толкува Тамара Драгичевиќ, келнер е Петар Бенчина, Љуба ја игра Иван Зариќ и Каќа ја толкува Санда Балабан.

„Роденденот на господин Нушиќ“, е биографска претстава со комични елементи. Заплетот почнува дента кога Нушиќ наместо на свечената церемонија за неговиот роденден во Народниот театар, оди на Скадарлија да ги види своите блиски пријатели. Претставата дава слика на хумор и среќа од една страна, и ранливиот Нушиќ и неговата тага, од друга страна, по губењето на својот син единец во војната.

Улогата на Нушиќ, според главниот лик Лечиќ, кој е еден од доајените на српското актерство е голема одговорност и чест да се игра, особено на фестивал како Охридско лето.

- Голема е честа да се игра авторот, кој оставил добар впечаток во комедиографијата и драмската литература во Србија и целиот регион. Сметам дека впечатокот за Бранислав Нушиќ е голем во целиот регион и неговите претстави предизвикуваат внимание кај младите. Нушиќ напишал драми, кои се играат и денеска и продрел во самата суштина на менталитетот, кај србите, но и во целиот регион, истакна Леќич на денешната прес-конференција.

За писателот Душко Ковачевиќ вели дека немал претенциозност да ни го објасни и претвори во комедија Нушиќ. - Иако претставата има многу комични елементи, но во суштина се занимава со Нушиќ, како човек и дава некои информации врзани за неговиот живот и неговата биографија, рече Лекиќ.

Актерот и професор на Театарско-филмската академија Драган Петровиќ, кој ја игра улогата на Спасоја, сопственикот на кафеаната, посочи дека само неговиот лик и улога, се измислени, меѓу реалните Нушиќеви личности, што му дава слобода на изразување и креација.

За актерот Петар Бенчина, кој со своите 30 години е врсник со театарот „Звездара“,оваа  претстава најмногу сака да ја игра.

Селекторот на драмската програма на Охридско лето Ѓорѓи Јолевски нагласи дека чест е што со претставата и Фестивалот се вклучува во одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на Нушиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...