Штипските детски градинки ќе работат и во сабота

Штип, 20 август 2014 (МИА) - Штипските детски градинки од септември ќе работат и во сабота. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов вели дека градинките ги  прават последните подготовки за старт на пилот проектот, со кој ќе се овозможи нивна работа  и во сабота.

- Финализирани се работите околу кадарот кој за време на викендите ќе се грижи за децата од предшколска возраст. Ќе бидат ангажирани 34 вработени, а општината проектот ќе го помогне со 40.000 денари, вели Ристов.

Септември и октомври ќе бидат месеци кога Општина Штип ќе направи детални анализи кои треба да покажат дали проектот ќе биде финансиски исплатлив.

Пред самиот старт на овој пилот проект имаше неколку анкети помеѓу родителите. Анкетирани се 250 родители, од кои 124 од градинката Вера Циривири- Трена и 125 од градинката Астибо се изјаснија дека сакаат нивните деца да се згрижени и во сабота.  Овие родителите дополнително ќе плакаат по 500 денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...