Почнуваат 53. Струшки вечери на поезијата

Струга, 21 август 2014 (МИА) - Со засадување дрвце во паркот на поезијата во чест на лауреатот, јужнокорејскиот поет Ко Ун и традиционалното читање на песната „Т' га за југ“ пред Домот на поезијата денеска почнува 53. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“.

Годинашниот добитник на „Златниот венец“ пристигна во Струга, а престижната награда ќе му биде врачена в недела на традиционалното поетско читање „Мостови“.

Струга по 53. пат ќе биде престолнина на поезијата, а фестивалот ќе се одржува пред Домот на поезијата и на отворени сцени во Струга до 24 август. Следните два дена учесниците ќе го посетат Скопје и други градови низ Македонија.

По свеченото отворање во предворјето на Домот на поезијата ќе се одржи меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“. На фестивалската програма предвидени се музичко - поетски перформанс, традиционалните „Ноќи без интерпункција“, симпозиуми на тема „Поезијата и политичкото“, а предвидено е и меѓународно поетско читање „Матине“ кое ќе се одржи во предворјето на манастирската црква „Св. Богородица“ во Калишта. Според програмата ќе биде промовирано списанието „СУМ“, посветено  на Струшките вечери на поезијата и проекцијата Поетски времеплов на МРТВ. На програмата е и Омаж на македонските поети Ацо Караманов, Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски и починатите лауреати на СВП Шејмас Хини, Тадеуш Ружевич, Васко Граса Моура и Хосе Емилио Пачеко, како и вечер на македонската поезија односно поетски портрети на македонските поети Богомил Ѓузел, Радован Павловски и Влада Урошевиќ.

Освен од Македонија, на 53. издание на СВП ќе учествуваат околу 50 поети од 34 земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...