Почнаа уписите во кривопаланечкиот ученички дом

Крива Паланка, 21 август 2014 (МИА) – Домот за ученици „Боро Менков“ во Крива Паланка од денеска е отоврен за запишување на сите средношколци од регионот во августовскиот рок.

- Нашиот ученички дом располага со  90 легла од кои веќе 55 отсто или 50 места се пополнети во јунскиот уписен рок. Останатите 40 очекуваме да бидат пополнети следите десетина дена со почнувањето на августовскиот уписен рок во средното училиште „Ѓорче Петров“ од градот, чии ученици се сместуваат кај нас, информира директорот на ОУД „Боро Менков“, Валентина Јовевска.

Јовевска нагласи дека сите соби за домување се наоѓаат во крилото В, реновирано со средства од Министерството за образование и наука, со што овозможени се одлични услови за престој на учениците.

- Покрај тоа, летниот период го искористивме за реновирање и на кујната, а во приземјето  е опремена и нова фитнес-сала за потребите на учениците. Во кујната се поставени нови плочки, нови кујнски елементи, молерисани се ѕидовите и поставено е ново осветлување. Кујната беше и делумно проширена, а со сите интервенции сега го исполнува НАССР стандардот, изјави Јовевска.

Според неа, за краток временски период се подобрени повеќе сегменти во Домот, со што се создадени поубави и попријатни услови.

- Во просторијата за спортски активности лоцирана на приземјето опремена е мини фитнес сала. Монтирани се четири фитнес справи доволни за потребите на учениците кои овде престојуваат. Справите се набавени со помош на волонтерот на Мировниот корпус во Македонија, Лакиш Оброл, која е волонтер во Домот, а изработи проект финансиран од Мировниот корпус, додаде директорката.

Нагласи дека за правилно користење на фитнес справите спроведена е и обука за воспитувачите кои подоцна ќе ги насочуваат учениците при вежбањето.

Јовевска ги повика сите заинтерсирани средношколци да го посетат Домот, а како што рече, поголем број ученици се очекува да дојдат по уписите во средните училишта кои се закажани за 25 и 26 август.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...