Во Битола меѓународна конференција на тема „Грижа во ран детски период“

Битола, 21 август 2014 (МИА) - Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола во соработка со граѓански организации од Македонија и Грција и со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, денеска  организираше меѓународна конференција на тема „Грижа во ран детски период“ со посебен фокус кон добрите регионални практики за обезбедување холистички развој на предучилишни деца.
 
На конференцијата во Битола, ректорот Златко Жоглев посочи дека Универзитетот првпат учествува во проект од ваков тип, но тоа е исклучително важно заради директен придонес во раниот детски развој и неговото влијание врз општеството.
 
- Ваков проект досега не сме имале. Станува збор за комплексен проект со важни ефекти и затоа е неопходно да продолжи. За потребите на проектот подготвив и личен труд на тема „Влијанието на образованието во рано детство врз општеството“ затоа што генерално постои уверување дека вложувањето во раниот детски развој долгорочно и позитивно влијае врз општеството, истакна ректорот Жоглев.
 
Проектот се реализира во пограничните општини на Република Македонија и Република Грција, а е поддржан од делегацијата на ЕУ во Република Македонија бидејќи како што рече Мартин Клауке претставник на Делегацијата, директно им помага на децата од предшколска возраст.
 
- Го поддржуваме овој проект затоа што е наменет за една ранлива група, односно децата од предшколска возраст на кои им е потребна подобра подоготвка за понатамошното образование, како и подобар психосоцијален мотив. Проектот е наменет за децата од руралните средини кои немаат пристап до предучилишното образование и овозможува алтернативен приод кон раната детска едукација, нагласи Клауке.
 
Меѓународниот проект „Грижа во ран детски период“ се реализираше една година во 11 пелагониски села, а македонските искуства ќе бидат применети во соседните грчки општини беше посочено на денешната конференција во Битола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...