Ун: Македонија е држава на поезијата

Струга, 21 август 2014 (МИА) – Поезијата има моќ да ја направи секоја земја како родно место, а Македонија е држава на поезијата, заклучи годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, jужнокорејскиот поет Ко Ун на денешната прес - конференција во рамки на 53. издание на фестивалот.

Тој поврзаноста на Македонија со поезијата ја пронајде од страдањата на земјата уште од праиисторискиот период.

- Македонија е сеуште жива, иако поминала безброј страдања уште од праисторискиот период, античкиот, средновековниот и од поновата историја. Од тоа искуство на страдање се формирал посилен поетски свет на еп и на лирика. Процесот на животот е всушност процес на македонската поезија, рече Ун.

Струга, како што нагласи, не е само родно место на браќата Константин и Димитар Миладинови, туку е утопијата за која човештвото се насочува и се надева.

Заедно со поетите од целиот свет, кои присуствуваат на СВП, подвлече дека ќе ја празнуваат поезијата во Струга.

- Струга е место за нашата душа. Ние поетите кои доаѓаме од цел свет, некои патуваат и по 30 часа од Австралија, поети од Бразил, Јужна Америка, Азија и од цела Европа, сме заедница за СВП, додаде Ун, споредувајќи го градот со Јужна Кореја како планинско и многу плодно место.

Со доделувањето на „Златниот венец“ на СВП на најголемиот корејски, но и еден од најголемите светски поети, според директорот на манифестацијата Мите Стефоски, изграден  е уште еден мост кон уште една светска литература. Тој нагласи дека вистинската татковина на поетот е јазикот и преку преводот на македонски, втора татковина на Ун е Македонија.

- СВП преку наградувањето на најголемиот поет на корејскиот јазик има во својата ризница уште еден огромен опус на вредност со што се збогатени не само македонската туку и светската литература, рече Стефоски.

Традиционално, денеска лауреатот засади дрвце во Паркот на поезијата, кое како што нагласи Стефоски, долго ќе живее.

- Ќе продолжат да живеат и неговите цветови создадени меѓу кориците на книгата поезија преведена на македонски јазик уште долго и ќе имаат влијание во македонската литература истакна Стефоски.

Ко Ун е 49-тиот добитник на признанието „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, кое ќе му биде врачено в недела на поетското читање „Мостови“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...