СДСМ почнува да работи на новата стратегија

Скопје, 21 август 2014 (МИА) - СДСМ од денеска почнува да работи на реализација на новата Стратегија за политичко делување, што беше усвоена на вчерашната седница на Централниот одбор, соопшти на прес-конференција лидерот на партијата Зоран Заев.

Заев рече дека ЦО синоќа едногласно усвоил конкретни насоки за дејствување на СДСМ по двомесечна внатрепартиска работа.  

Стратегијата, според него, се базира на четири столба. Над 5.000 тимови ќе бидат во контакт со секое семејство во државата.

- На луѓето ќе им понудиме шанса да кажат што мислат и тие да влијаат на она што и се случува на Македонија. Власта ќе биде ставена под сериозна лупа на СДСМ, рече Заев најавувајќи дека над 1.000 стручни екипи ќе ја следат работата на секое министерство, орган, институција, на централно и на локално ниво и оти лошите политики ќе бидат корегирани со алтернатива. За таа цел СДСМ ќе формира централен систем со над 1.000 комисии, кои ќе бидат пандан на владината министерска структура.

Третиот и четвртиот столб од Стратегијата се „Силна СДСМ“ и „Партнерства за демократска Македонија“ на кои партијата веќе работи.

За денеска, информираше Заев, се предвидени состаноци со сите претседатели на партиските совети и координација со сите претседатели на општинските организации на СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...