Во Велес успешна 21. традиционална летна солидарна акција за доброволно крводарување

Велес, 21 август 2014 (МИА) - Општинската Организација на Црвен Крст Велес во соработка со Институтот за трансфузиологија од Скопје денеска и утре по 21 пат ја организира традиционалната летна солидарна акција за доброволно дарување на крв. Во денешниот прв ден билинсот на собрани крвни единици е околу 150.

Миланка Благоевска, трансфузиолог од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во изјавата за медиумите вели дека и со денешната акција велешките крводарители повторно  ја докажаа својата хуманост на дело и потврдија дека се меѓу најхуманите во земјава.

-Ние секогаш сме задоволни од велешките крводарителии на помалите и на оваа масовна голема летна акција за доброволно крводарување и ја следиме состојбата. Можам да кажам дека во Велес 5 проценти од населението дарува крв што е над македонскиот просек, потенцира  Благоевска.

Таа информира дека меѓу доброволнита дарители и денеска имаше такви кои по стоти или околу стоти пат даруваат крв па и над сто пати, а имаше и такви велешани  кои денеска за првпат даруваа крв и така влегоа во Друштвото на хуманите.

Инаку летната солидарна акција за доброволно крводарување во Ликовниот салон во Велес продолжува и утре од 7 и 30 до 14 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...