Еден приведен, се трага по извршителот на двојното убиство во Охрид

Охрид, 22 август 2014 (МИА) – Едно лице е приведено, а друго е во бегство во врска  со синоќешното двократно убиство во Охрид, соопшти охридската полиција.

Според соопштението од СВР – Охрид, синоќа околу 23 часот на летната тераса од угостителскиот објект „Император“, лоциран на улицата „15-ти Корпус“, триесетгодишен охриѓанец кој е во бегство, со неколку проектили од огнено оружје-пиштол што нелегално го поседувал тешко повредил две лица кои биле во локалот.

Повредените Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38), двајцата од Охрид, со возило на брза помош се пренесени во Општата болница во Охрид каде била констатирана смрт.

Полицијата синоќа од слобода го лиши Р.С. (30) од Охрид кој заедно со можниот сторител бил во угостителскиот објект „Император“.

На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител.

СВР - Охрид презема засилени мерки за пронаоѓање на лицето што е во бегство и за кое постојат основи на сомнение дека е извршителот на двократното убиство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...