Како се случило двојно убиство во Охрид

Охрид, 22 август 2014 (МИА) – Охридската полиција поднесе кривични пријави против лицата Б.П.(30) и Р.С.(30) од Охрид заради постоење основано сомнение дека се сторители на кривични дела убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.Станува збор за лицата директно осомничени дека се сторители на вечерашното убиство на Ромео Ѓ. (38) жител на селото Лескоец и Васил Р. (56) од Охрид.

Пријавениот Б.П. сеуште е во бегство. По него е покрената потерница од страна на полицијата.

Според последното соопштение од СВР – Охрид убиството е извршено со огнено оружје пиштол што Б.П. нелегално го поседувал.

Кривичното дело е извршено синоќа околу 23 часот во летната бавча на угостителскиот објект „Император“ лоциран на улицата „15 Корпус“ во Охрид. Тука, двајцата пријавени пристигнале со патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистарски таблички, сопственост на приведениот Р.С. откако претходно телефонски Б.П. побарал од Р.С. да го превезе до објектот. На летната тераса се случила кратка и жестока вербална расправија и турканица помеѓу Б.П. и сега починатиот Р.Ѓ. во која Б.П. му нанел неколку удари со рака во пределот на лицето. Во еден момент, Б.П. извадил огнено оружје пиштол кој нелегално го поседувал и испукал еден куршум кон Р.Ѓ. погодувајќи го во пределот на рамото. Тешко повредениот Р.Ѓ. се обидел да бега кон рецепцијата на хотелот „Император“, но бил застрелан со уште два куршуми. Во близина на хотелската рецепција, Б.П. бил пресретнат од В.Р. (56) сопственик на „Император“ кон кого Б.П. испукал еден куршум погодувајќи го во пределот на градниот кош.

Веднаш потоа, Б.П. истрчал кон летната тераса каде го чекал неговиот пријател Р.С. и со истото патничко моторно возило избегале од местото на настанот. На пресекот на улиците „7 ноември“ и „Васил Главинов“ Б.П. излегол од возилото и избегал.

По извршените претреси по налог на судија во претходна постапка, во домот на Р.С. пронајдени се и одземени 16 куршуми различен калибар. Предметите се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Пријавените Б.П. и Р.С. се лица познати на службата против кои и досега биле поднесувани кривични пријави. По поднесените кривични пријави против Б.П. за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „загрозување на сигурноста“ „напад на службено лице во вршење работи од областа на безбедноста“, „самовластие“ „насилство“ и по други основи, тој бил и условно затворски осудуван.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...