Најмалку пет години затвор за секој што учествува во странска паравојска

Скопје, 22 август 2014 (МИА) - Најмалку пет години затвор за секој што на каков било начин учествува во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација, предвидуваат измените на Кривичниот законик што ги предлага Владата, а ќе бидат доставени до Собранието за носење по скратена постапка.

Како што соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, согласно измените, најмалку пет години затвор се предвидени и за секој што директно или индиректно ќе нуди, дава, обезбедува, бара, собира или прикрива финансиски средства, фондови и опрема наменети за кривични дела од ваков тип.

Со најмалку четири години затвор, пак, ќе се казнуваат лица кои поттикнуваат вакви кривични дела преку пишан текст, аудио-визуелни снимки, социјални мрежи и друг облик на комуникација. Казниво ќе биде и помагањето на кривичното дело.

- Со овие измени, на службите за национална безбедност им се ставаат на располагање многу посоодветни и помоќни алатки за борба против глобалните закани по безбедноста и посебно против тероризмот. Воедно одговараме и на една правна празнина што не беше доволно регулирана, а тоа е санкционирање на македонските државјани кои спротивно на закон ќе учествуваат или ќе се обучуваат од странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација, организираните групи кои надвор од територијата на Македонија ќе учествуваат во вакви активности. За ваков случај затворската казна е најмалку четири години, посочи Јанкулоска.

Донесувањето на измените, напомена, ќе значи дека Македонија застанува во редот на државите кои јасно и недвосмислено испраќаат порака до сите што размислуваат за учество во вакви формации и војски оти секое вакво дејство кое значи закана за глобалната и националната безбедност ќе биде санкционирано со казни кои се доволно строги да ја испратат пораката дека нема да се толерира вакво однесување.

Одговарајќи на новинарско прашање дали и колку лица од Македонија учествуваат во паравоени формации, податоците за кои ние можеме да разговараме се само оперативни кои не би можеле да ги негираме или потврдиме.

- Не постои надлежна институција која води ваква евиденција и што досега ваквото однесување на поединци по ниту еден пропис не беше казнив или санкциониран. Се случуваше дури откако ќе добиеме информација за загинати на боиштата во други држави да констатираме дека некои од нив имаат македонско државјанство, но не секогаш тие беа регрутирани во РМ, напротив во западноевропските земји - членки на ЕУ, објасни Јанкулоска.

Измените на Кривичниот законик не предвидува казни за оние со државјанство на земјата во чии регуларни воени формации учествуваат или учествуваат во меѓународно признати мисии или мисии на меѓународни организации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...