На велешкото езеро „Младост“ се спроведува обука за спасители на отворени води

Велес, 22 август 2014 (МИА) - Во организација на Општинската Организација на Црвен крст од Велес и Центарот за безбедност на вода од Скопје на велешкото езеро „Младост“ од вчера па во наредните десетина дена за првпат се организира обука за спасители на отворени води: реки, езера и мориња.

Досега во Велес беа организирани само курсеви за спасители на базени.

Во обуката се вклучени 27 кандидати од Велес и еден од Кочани, а меѓу нив е и една девојка, информира Иле Попов, инструктор и координатор за безбедност на вода од ОО на Црвен крст од Велес.

- Овие кандидати претходно успешно ги поминаа квалификациите на градскиот базен, а ако на крајот успешно положат од наредната сезона ќе го обезбедуваат брегот на велешкото езеро „Младост“ и останатите реки и езера во Македонија, изјави Попов.

Обуката се спроведува по најновите програми на ИЛС Меѓународната Федерација за спасители на вода, а со полагање на испитот на крајот на обуката сите кандидати се стекнуваат со меѓународно призната диплома за спасители на отворени води.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...