Како да се заштитите од жолтица

Заразната жолтица е заболување коешто се пренесува по фекално-орален пат, односно вирусот од болно лице се исфрла преку фецес, најчесто со нечисти раце при внесување храна или вода.

Министерството за здравство заради појавата на заразна жолтица на подрачјето на град Скопје и во Штип, со цел спречување на појава на нови случаи, посочи со мерки за превенција за заштита од жолтица.

Оттаму укажуваат дека начинот на пренос на ова заболување може да се спречи со редовно одржување на личната и општата хигиена.

Заразната жолтица е заболување коешто се пренесува по фекално-орален пат, односно вирусот од болно лице се исфрла преку фецес, најчесто со нечисти раце при внесување храна или вода. Вообичаените контакти меѓу луѓето не придонесуваат за ширење на болеста.

За таа цел, од Министерството, потсетуваат на потребата од почитување на основните мерки за превенција од вирусниот хепатит А.

Препорачани санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки:

- Редовно одржување на личната и општа хигиена

- Од особена важност е темелно миење на рацете задолжително пред секое јадење и по секое одење во тоалет.

-Миењето на раце треба да биде со течен сапун или со сопствен сапун

- Бришење на раце со бришач за еднократна употреба или со сопствена крпа за бришење

- Потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред конзумација

- Конзумирање безбедна вода за пиење (од водоводни мрежи), како и избегнување пиење вода од непроверени чешми, локални иззвори, бунари и сл.

- Соодветно третирање и отстранување на отпадот

- Одржување на хигиена во домот и санитарните јазли, како и одржување на хигиената во колективни објекти каде престојуваат ученици, мали деца и постари лица (училишта, детски градинки, домови за згрижување стари лица).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...