По тепачката ДПА го напушта Собранието

ДУИ бара Анкетна комисија

Скопје, 26 август 2014 (МИА) - По денешната физичка пресметка во Парламентот, ДПА најави дека нивните пратеници нема да учествуваат во натамошната работа на Собранието, додека ДУИ побара формирање Анкетна комисија која веднаш ќе го расчисти овој случај и ќе лоцира одговорност.

- Итно бараме да започне постапката за кривично гонење на овие насилници и криминалци, како што се Талат Џафери, Реџаил Исмаили, Мирван Џемаили, Артан Груби и Муса Ибраими. Ние во меѓувреме ќе преземеме адекватни заштитни мерки од овие насилници и злосторници. Имајќи ја предвид настанатата ситуација ние нема да присуствуваме во понатамошната работа на Собранието. Исто така ја информираме јавноста дека ние упорно ќе продолжиме да ги браниме албанските интереси, изјави Имер Алиу од ДПА.

Од пратеничката група не сакаат официјално да ја кажат причината за тепачката на Комисијата за финансирање и буџет, но неофицијално велат дека тоа биле вербалните провокации и пцости кои биле упатени од страна на пратеници од ДУИ кон нив.

Артан Груби во име на пратеничката група на ДУИ побара формирање Анкетна комисија која веднаш ќе го расчисти овој случај и ќе одреди одговорност за тие што го иницираа инцидентот.

- Парламентарната група на ДУИ изразува длабоко жалење и го осудува денешниот срамотен инцидент инициран од страна на пратениците на ДПА Орхан Ибраими и Беким Фазлиу. Во отсуство на аргументи и на конкретна понуда за албанските гласачи, како и од постојаната фрустрација од последователните порази на избори во Република Македонија, ДПА го заменува политичкото делување со тупаници, со навреди и со отстуство на човечност.  Затоа парламентарната група на ДУИ бара формирање на Анкетна комисија која веднаш ќе го расчисти овој случај и ќе одреди одговорност за тие што го иницираа, кои се гледаат јасно на снимките, рече Груби.

Според него, инцидентот го започнал пратеникот Орхан Ибраими и се упатил да се пресмета физички со пратеникот Реџаил Исмаили.

Потврди дека пратеникот Исмаили е повреден под окото и побарал лекарска помош и оти е во болницата.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја продолжи расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2014 година, која претпладнето беше прекината поради физичка пресметка меѓу пратеници од ДПА и ДУИ.

Комисијата ги разгледува поднесените 236 амандмани. На седницата не присуствуваат пратениците на ДПА



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...