СДСМ: Со Ребалансот на Буџетот се зголемува долгот на државата

Скопје, 27 август 2014 (МИА) - СДСМ денеска оцени дека со предложениот ребаланс на Буџетот продолжува зголемувањето на буџетскиот дефицит и оти тоа значи и нови задолжувања на граѓаните.

Маријанчо Николов од СДСМ обвини дека граѓаните на Македонија ќе бидат задолжени за 320 милиони евра доколку се земе во предвид вкупниот дефицит за 2014 година.

Според него, контрадикторно е тоа што зголемувањето на дел од буџетскиот дефицит се оправдува со потребата од пари за изградба на Коридорот 10, а од друга страна со Ребалансот се намалуваат парите за капитални проекти за 21 милион евра.

Николов ја повика Владата да ја каже точната причина за буџетскиот дефицит, односно, како што рече, дали се потребите за капитални проекти или покривањето на дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Според него, бројките во Ребаланот покажуваат и намалување на приходите за 44 милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...