Во велешките средни училишта формирани паралелки со помал број ученици

Велес, 27 август 2014 (МИА) - Советот на Општина Велес на вчерашната 22. седница даде согласност за формирање на паралелки во велешките средни училишта со помал број ученици, информираше денеска   за медиумите Александар Колев  претседателот на Советот на Општина Велес.

ССОУ „Коле Неделковски“ Велес по претходно добиена согласност од Министерството за образование и наука, поднесе е барање до основачот, Советот на Општина Велес, за добивање согласност за формирање на паралелка за четврта година за образовен профил: хотелско-туристички техничар од угостителско – туристичка струка со број на ученици помал од законскиот минимум.

-Барањето е врз основа на интересот на учениците од оваа струка кои завршија трета година и имаат желба да го дооформат средното образование со четврт степен, информира Колев.

Советот го прифатил ова барање и со тоа од 1 септември ќе функционира оваа паралелка во ССОУ „Коле Неделковски.

Воедно советот на вчерашната седница го прифатил    Предлог- решение за давање согласност за формирање на уште една паралелка со помал број на ученици на ССОУ„ Коле Неделковски“ Велес. Како и    Предлог- решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици на ССОУ во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ Велес,во Гимназијата „Кочо Рацин“ и во Економското училиште „Јовче Тесличков“ во Велес.

Како што информира Александар Колев, пред почетокот на новата учебна 2014/2015 година и по завршувањето на роковите за упис на ученици до Општина Велес општинските училишта испратија барање за формирање на паралелки со помал број на ученици од законски дозволениот минимум.

-Според Законската регулатива за основно и средно образование, основачот односно  Советот на Општина Велес е надлежен за давање на согласности за формирање на паралелки со помал број на ученици од дозволениот минимум, појасни Колев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...