Со концертот „Апасионато“ заврши „Топол културен бран“ во Велес

Велес, 28 август 2014 (МИА) - Со концертот насловен „Апасионато“  на виолинистката Пламенка Трајковска и нејзиниот гудачки квартет синоќа во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес заврши манифестацијата „Топол културен бран“ на Министерството за култура и Општина Велес.

Беа изведени композиции од истоимениот албум на Трајковска, кој претставува спој на класичната музика од познати композитори и современиот музички стил.

По концертот, Трајковска за МИА изјави дека иако долги години работат на популаризација на класичната музика, сепак сметале дека во едно ново, современо време мора да и се даде малку ритам на овој тип на музика за да биде поприфатена од публиката.

- Сметам дека многу поуспешно можеме да ја приближиме музиката доколку ја интерпретираме непосредно пред граѓаните на отворено, а ваквите концерти се блиски до луѓето, истакна Трајковска.

Гудачкиот квартет, освен Пламенка Трајковска на виолина, го сочинуваат и Наташа Диденко на виолина, Сања Смилевска на виола и Александра Петковска на виолончело.

Концетот „Апасионато“ веќе е прикажан во повеќе македонски градови, а истоимениот албум се презентира и во странство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...