Почнува Џез викендот во Прилеп

Прилеп, 28 август 2014 (МИА) - Во Прилеп вечер почнува 3. Џез фестивал. Ќе го отвори бендот „Акустико“ од Италија, Лука Аквино на труба и Кармине Јоана на хармоника. Гостува и бугарскиот состав FlyWe2The Moon предводен од трубачот Росен Захариев.

Според Снежана Ристеска од Одделението за култура при локалната самоуправа која е организатор на манифестацијата, Џез викендот ќе го презентира музичкото творештво од светски џез размери со основна идеја за поинаков, урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските вредности и културни содржини.

Утревечер настапуваат „Сархан“ чии членови, од Словенија, Индија и Хрватска, негуваат посебен фјужн на индиска традиционална музика и џез рок, а публиката ќе може да ги слушне и „Нејкед“ од Србија.

Третата, последна вечер, во сабота, е резервирана за  Рамбо Амадеус, еден од најоригиналните  автори и изведувачи на Балканот, и виртуозите Игор Малешевиќ на тапани и Мирослав Товирац на бас. Пред нив настапуваат нашите „Некст ту сајленс“.

Меѓу ѕвездите се и популарните „Дисциплина кичме“ со легендарниот Душан Којиќ – Која, кои ќе го затворат фестивалот.

Настапите секоја вечер се од 20 часот на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“, а влезот е бесплатен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...