Претседателот Иванов на инаугурацијата на Ердоган

Анкара, 28 август 2014 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Анкара ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

На инаугурацијата се присутни 93 странски делегации, претседатели на држави, претседатели на парламенти, премиери, министри, кралски семејства и претставници од меѓународни организации. 

Во Анкара пристигнаа претседателите на Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, БиХ, Русија,  Украина, Туркменистан, Казахстан, Катар, Молдавија, Алжир, Гана, Сомалија, Етиопија, Того,..., премиерите на Романија, Белорусија, Азербејџан, Грузија, Таџикистан, Јордан, Пакистан, Мароко, Габон, Нигерија, ... и министри од Германија, Грција, Унгарија, Холандија, Ерменија, Узбекистан, Иран, Мексико, венецуела, Индонезија, Џибути, Саудиска Арабија,...

Присутни се и претставници на Парламентарното собрание на Црноморската економска кооперација, ОБСЕ, ОЕЦД, Д-8, Шангајската кооперативна организација,...

Новоизбраниот претседател на Турција, досегашниот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска официјално ќе биде инаугуиран за шеф на државата. На функцијата премиер ќе го замени новиот лидер на владејачката Партија на правдата и развојот, Ахмет Давутоглу.

Ердоган на 10 август победи на првите директни избори за претседател на Турција, по што мораше да поднесе остака од премиерската функција и од лидерската позиција на партијата.

Функцијата претседател во Турција е повеќе церемонијална, но Ердоган претходно најави дека ќе користи и овластувања што претседателите претходно не ги користеле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...