Свечен прием на првачињата во Штип, преземени мерки за спречување на жолтицата

Штип, 29 август 2014 (МИА) - Во Штип денеска беа примени 426 првачиња, запишани во петте основни училишта во општината. Со свечени  приредби тие ги запознаа своите наставници и училиштата каде што ќе ја посетуваат наставата.

Маја Ашкилова од Одделението за образование во Општина Штип информираше дека во сите основни и средни училишта се преземени мерки согласно со препораките на Центарот за јавно здравје за спречување на ширењето на жолтицата.

Во сите училишта и градинки во општината е завршена дезинфекцијата  пред почетокот  на учебната 2014/2015 година.

- Првиот училишен час ќе почне со миење на рацете, учениците ќе имаат предавање за личната хигиена и начинот на пренесување на жолтицата. Согласно препораките кои ги добивме, учениците пред да влезат треба задолжително да ги дезинфицираат своите обувки, а во сите тоалети во училиштата има течни сапуни, рече Ашкилова.

Директорот на Центарот за јавно здравје-Штип Велик Грков рече дека во август се регистрирани 43 лица заболени од жолтица и дека крај на епидемијата во Штип ќе биде прогласен тогаш кога во две недели нема да се појави нов сомнителен случај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...