Реконструиран дел од објектот на гимназијата и хемиското училиште во Велес

Велес, 29 август 2014 (МИА) - Во текот на летниот распуст извршена е внатрешна реконструкција во зградата каде што заеднички работат гимназијата „Кочо Рацин“ и хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес.

Целосно е реконструирано приземјето на зградата каде се реновирани училниците и ходникот за што двете училишта одвоиле 200 илјади денари.

Директорот на хемиското училиште Горан Јанков денеска на прес-конференција информираше дека е направена и дезинфекција со белење на ѕидовите, а извршени се и одредени градежни работи.

Согласно четиригодишниот акционен план, како што посочи директорот на гимназијата „Кочо Рацин“, Сашо Андреевски, предвидено е да се направи целосна реконструкција на сите спратови во училишната зграда, која не е реновирана од 1956 година.

- За време на летниот распуст следните години ќе се врши реконструкција на внатрешноста на зградата, на ѕидовите, ходниците и училниците со цел да создадеме најдобри услови за учениците и професорите за успешно изведување на наставата, рече Андреевски, најавувајќи реконструкција и на тоалетите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...