Осма „Смоквијада“ во Гевгелија

Во Гевгелија денеска ќе се одржи осми натпревар во варење слатко од зрели смокви „Смоквијада 2014“, во организација на здружението на граѓани „Тера“ и со финансиска и логистичка поддршка на општината.

Натпреварот ќе почне во 20 часот на ракометното игралиште во Гевгелија. Најавено е учество на 17 екипи кои ќе варат слатко од зрели смокви по свој рецепт. Победниците ќе бидат прогласени утре на градскиот плоштад. Целта на натпреварот е да се зачува традиционалниот начин на готвење слатко од зрели смокви.

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов на прес-конференција во пресрет на манифестацијата рече дека таа прераснува во гевгелиски бренд.

- Посебно не радува што слаткото од смокви, кое се подготвува речиси во секој гевгелиски дом, ќе се прави пред очите на јавноста и на тој начин ќе се презентира една долга традиција, рече Франгов.

Пред почетокот на натпреварот, на градското шеталиште ќе има фолклорно дефиле, а во културно-уметничката програма ќе учествуваат Наум Петрески, Даниел Кајмакоски и Иван Раденов, групи од Гевгелија и гости од Србија и Хрватска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...