Седници на две собраниски комисии Скопје, 1 септември 2014 (МИА) - Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за здравство и за транспорт, врски и екологија.
Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за здравство е Предлог-законот за изменување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка - второ читање.
Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка - второ читање и Годишниот извештај за реализација на програмата за работа на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија за 2013 година.
|