Канада е силен поддржувач на членството на Македонија во НАТО

Скопје, 1 септември 2014 (МИА) - Канада и Македонија се пријателски земји кои споделуваат исти вредности како посветеност на глобалната безбедност и желбата да се унапреди демократијата, владеењето на правото, религиозните слободи и човековите права. Меѓупарламентарните дипломатски врски се еднакво важни како оние на ниво на извршната власт, а како посветен партнер во НАТО мисиите официјална Отава ја поддржува евроатлантската интеграција на Македонија.

Ова го истакна во своето обраќање пред пратениците во македонското Собрание претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Канада, Ендру Шир, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

Тој, меѓу другото, додаде дека Македонија може да биде пример за почитување на малцинствата на културно и религиозно ниво. Воедно, ја поздрави посветеноста на Македонија на мултилатерализмот и на регионалниот мир и безбедност, посочувајќи на учеството македонските војници во меѓународните воени сили на НАТО во Авганистан.

- Како дел од мисијата македонските војници стекнаа почит за квалитетот на нивната обука и нивото на професионализам. Храбрите мажи и жени на вашите вооружени сили донесоа чест за вашата земја и рамо до рамо со нашите сојузници донесоа надеж и безбедност во земјите каде што имаше малку од тоа. Заради ова и многу повеќе Канада останува силен поддржувач на членството на Македонија во НАТО. Веруваме дека членството на Македонија во НАТО и ќе ја зајакне Алијансата, и дополнително ќе ја зајакне регионалната стабилност. Светот ја забележа вашата поддршка за меѓународните мировни операции. Се надеваме дека ќе бидеме сведоци Македонија да го добие заслуженото место на масата на НАТО многу скоро, рече Шир.

Според него, економската соработка меѓу Македонија и Канада иако е скромна во моментов, има огромен потенцијал за развој. По воспоставувањето на дипломатските односи во 1996 година економските односи, рече, бележат раст, постои простор за унапредување на соработката во областа на инвестициите, а придонес кон ова, оцени, ќе претставува и потпишување на договор за промоција и заштита на странски инвестиции, за кој е покрената иницијатива.

Шир се осврна и на македонската заедница во Канада, која е како што вели, е значаен сегмент на канадското општеството.

- Денес Македонците се енергичен дел од канадското општество зачувувајќи ги нивното културно наследство преку здруженија, цркви, весници и радиопрограми. Канада и Македонија може да се гордеат со квалитетот на нивните односи и пријателство кој се развива меѓу граѓаните двете земји, рече претседателот на канадскиот Претставнички дом.

Посетата на Македонија Шир ја започна со полагање цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија. Тој се сретна со претседателот на Собрание на Република Македонија Трајко Вељаноски, за време на посетата ќе биде примен од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а ќе разговара и со Александар Николоски, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада и членовите на групата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...