Јашари: Венецијанската комисија ќе се изјасни за уставните измени на 9 септември

Скопје, 1 септември 2014 (МИА) - Министерството за правда се уште нема добиено мислење од Венецијанската комисија за уставните измени. Нивниот став, како што изјави денеска на прес-конференција министерот за правда Аднан Јашари,  ќе се дознае на 9-ти септември, за кога е најавена посета на претседателот и членови на Венецијанската комисија на Македонија.

- Засега нема мислење од Венецијанската комисија во однос на уставните измени. За тоа ќе бидеме информирани на 9-ти септември кога претседателот и членовите на Венецијанската комисија ќе дојдат во Македонија, рече Јашари и додаде дека средбата која ќе ја оствари со нив биде фокусирана токму на уставните измени.

Според Јашари, редовна пракса е да се побара мислење од органите на Европската унија не  само за уставните измени, туку и за сите битни закони кои на некој начин треба да бидат усогласени со преораките на ЕУ.

Владата до Собранието на Република Македонија во јули достави предлог измена на Уставот со седум нацрт амандмани, кои предвидуваат дефинирање на бракот како заедница на маж и жена, како и дефинирање на вонбрачната заедница, измени во составот на Судскиот совет, формирање финансиска зона, менување на името на НБРМ во Банка на Република Македонија, регулирање на фискалната политика во делот на висината на јавниот долг, Државниот завод за ревизија да биде независен орган избран од Собранието, менување на надлежноста на Уставниот суд, односно Судот да може да ослучува по уставната жална за човекови права, како и за одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Собранието на Република Македонија на 27-ми август ги утврди нацртите на седумте амандмани на Уставот. По изгласувањето во Собранието нацрт - амандамните одат на триесетдневна јавна дисксуија, по која Владата повторно до Собранието на РМ треба да достави предлог-амандмани во кои би биле вградени забелешки од дискусијата. Се очекува целата постапка за носење на уставните амандмани да заврши до крајот на октомври.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...