Речиси двојно зголемен бројот на првачиња во Вевчани

Вевчани, 1 септември 2014 (МИА) – За триесет првачиња во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани почна првиот училишен час. Бројот на првачиња во Вевчани, според директорката на училиштето Николина Србакоска, е речиси двојно зголемен од минатата година кога беа запишани 18 првооделенци.

- Учебната година почна без никакви проблеми, учениците се во училишните клупи. Преземени се сите потребни хигиенски мерки за успешен старт на учебната година. Училиштето свети, изјави директорката Србакоска.

Почетокот на училишната година им го честита градоначалникот Цветомир Угриноски, кој им посака многу успеси во учењето и им подари слики од познатиот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин.

Во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани има 241 ученик од прво до деветто одделение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...