Во велешката градска библиотека ќе започне ревизија на книжниот фонд

Велес, 1 септември 2014 (МИА) - Во Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес од 9. септември ќе се започне со ревизија или попис на книжниот фонд, со цел да се утврди точниот број книги, најави на денешната прес-конференција Игор Крајчев, директор на библиотеката.

Во исто време, појасни, библиотеката ќе работи според вообичаеното работно време. Крајчев денеска упати апел до сите читатели кои имаат невратени книги, да ги вратат деновиве, а се со цел да се направи поточна ревизија на книжниот фонд на библиотеката.

- Воедно им се заблагодарувам на редовните читатели кои ги користат услугите на библиотеката, потенцира Крајчев.

Според сегашните сознанија велешката градска библиотека има околу 100 илјади книги во двата оддела, детски и за возрасни, а има и околу 200 стари и ретки книги од едицијата која на времето на библиотеката и ја поклонија Вида Балтиќ.

Инаку, велешката градска библиотека има вкупно 2.295 читатели од кои 1.085 во детскиот и 1.210 во одделот за возрасни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...